Иако се обидуваше на различни начини да го избегне појаувањето на суд, најдобриот фудбалер за изминатото Светско првенство, Лео Меси, ќе мора да се појави до крајот на годината пред редовниот суд.
Шпанските даночни служби утврдиле дека Аргентинецот во текот на 2013-та година затил повеќе од 4 милиони евра. Работите околу приходите на овој фудбалер ги водел неговиот татко Хорхе.
Сепак, обвинителите не го прифатија тој вид на договор, според кој Хорхе би морал да ја превземе комплетната одговорност.
Лео Меси изјави дека ќе ја плати целата штета за да не се појави пред судот, обидувајќи се да ги наговри дека комплетната одговорност ја сноси неговиот татко, но тој не успеа во тоа, иако имаше некои индикации во друга насока.
До крајот на годината Меси ќе се најде пред судот во Барселона, каде ќе се обиде да докаже дека е невин.