14 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао ќе остане на „Олд Трафорд“!?

Фалкао ќе остане на „Олд Трафорд“!?

Leicester City v Manchester United - Premier League

Радамел Фалкао ќе остане во Манчестер Јунајтед и по оваа сезона, тврдат скоро сите британски медиуми.

Јунајтед сака што поскоро да го откупи Фалкао од Монако, па така да ја отстрани можноста на крајот на оваа сезона во борбата за колумбискиот напаѓач да се вклучи Реал Мадрид.

Фалкао, кој оваа сезона игра како позајмен играч во Јунајтед од Монако, ги договори своите услови за останување на „Олд Трафорд“. Колумбиецот неделно заработува 317.000 евра.

Монако пак, на крајот на оваа сезона ќе добие 55 милиони евра. Францускиот клуб оваа година веќе доби 7.5 милиони евра од Јунајтед за едногодишна позајмица на 28-годишниот напаѓач, кој се уште го чека својот првенец за новиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП