Првата ѕвезда на штандот на „Mercedes“ во Париз е супер-спортскиот двосед „AMG GT“.
„Mercedes AMG GT“ не е директен наследник на „Mercedes SLS AMG“, но по престанувањето на производството на овој модел, тој ќе го заземе местото во врвот во гамата на спортски автомобили на компанијата.
Од германскиот производител не го напуштија основниот концепт на класичен спортски автомобил со долга хауба под која е сместен „V8“ мотор чија моќ се пренесува на задните тркала.
Меѓутоа, задниот дел на возилото е благо закосен и изгледа поелегантно во однос на претхнодникот, а завршува со мал спојлер кој по потреба се извлекува при големи брзини.
Кога на почетокот на 2015-та ќе пристигне во продажните салони, „Mercedes AMG GT“ ќе биде достапен во две верзии.
Основниот модел ќе биде опремен со 4.0-литарски „V8 bi-turbo“ мотор со 462 ks (339 kW) и 600 Nm максимален вртежен момент. Моќта на тркалата ќе се пренесува со помош на седум брзински менувач со двојно квачило.
Од мирување до брзината до 100 km/h автомобилот ќе стигнува за 4.0 секунди со максимална брзина од 304 km/h.
На купувачите на кои овие перформанси не им се доволни ќе им биде понуден модел „AMG GT S“, со помоќен „V8“ мотор кој произведува 510 ks (375 kW) и 650 Nm.
Благодарејќи на дополнителната моќ, „AMG GT S“ ќе биде во состојба од 0 дo 100 km/h да забрза за 3.8 секунди, додека максималната брзина електронски е ограничена на 310 km/h.
„Mercedes“ предвиде дека базниот модел ќе биде опремен со 19 инчни алуминиумски бандажи, додека помоќната верзија е достапна и со тркала од 20 инчи.