25 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГаби признал дека наместил натпревар!

Габи признал дека наместил натпревар!

gabi 33

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи потврди дека учествувал во наместениот натпревар од Примера дивизион. Тоа се случило во времето кога 31-годишниот фудбалер настапувал за Сарагоса.

Габи дури постигна два гола за победата на тимот над Леванте во последниот круг од сезоната 2010/11. Според „Ел Мундо Депортиво“ фудбалерот изјави за обвинителството:

„Го направив тоа што од клубот го побараа од мене“.

Победата на Сарагоса со 2: 1 е еден од деветте натпревари кои се под сомневање за изманипулирани резултати во Примера дивизион. Истрагата се прави по барање на претседателот на Шпанската лига, Хавиер Тебас.

Шпанското издание претпоставува дека Габи признал за да добие пониска казна, но се очекува да се види каков ќе биде конечниот исход од оваа истрага, нормално и какви глоби ќе добијат учесниците во овој скандал.

Инаку, покрај капитенот на Атлетико Мадрид, на разговор се повикани и останатите играчи кои во тоа време настапувале во Сарагоса и Леванте, но и од другите клубови кои се под сомневање дека биле наместени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП