Дефанзивецот на Барселона, Дани Алвеш призна дека во следната сезона ќе настапува во англиската Премиер лига. 31-годишниот Бразилец веќе не е особено посакуван на „Ноу Камп“, па договорот со каталонците му истекува во месец јуни 2015-та година.
Латиноамериканецот има 16 освоени трофеи со „каталонците“, но сега е подготвен да отвори нова страница во неговата кариера, потпишувајќи со тим од „Островот“.
„Следната година ќе се преселам во Англија. Сакам да видам како ќе се вклопам во татковината на фудбалот. Ова ќе биде мојата последна сезона во дресот на Барса“, призна тој пред бразилските медиуми.
До денес, Дани има 303 официјални натпревари за шпанскиот гигант на кои реализирал и 20 погодоци. Тој беше едно од првите засилувања на Пеп Гвардиола на почетокот на неговата тренерска ера во истоимениот клуб.