Ден пред натпреварот против Лудогорец од Лигата на шампионите, првакот на Европа, Реал го обнови договорот на германскиот репрезентативец Сами Кедира.
Освојувачот на светската титула од Бразил не е во Софија поради повреда. Седум пати Кедира беше пред разделба со Реал. Причината за продажба беше неговото незадоволство да биде резерва во тимот на „кралевите“.
Весникот „Марка“ тврди дека халфот се договорил и за личните условите за новиот договор. За договорот до 2018-та година ќе му се зачува и платата – 4 милиони евра нето годишно. Во текот на летото Реал му понуди 5 милиони, а Кедира сакаше 7.
Од кога започна сагата околу новиот договор, стартуваа и шпекулациите за негов трансфер во Арсенал, Челзи, Монако, Баерн, Фиорентина и Манчестер Јунајтед. Сепак, Кедира конечно одлучи да остане во Реал.