
Англискиот гигант Ливерпул ќе го забрза процесот за привлекување на поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес уште во овој месец.


Англискиот гигант Ливерпул ќе го забрза процесот за привлекување на поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес уште во овој месец.
На „Енфилд“ не се задоволни од претставувањето на Симон Мињоле и затоа ќе побрзаат со поканата кон Валдес, кој од 30-ти јуни е слободен агент.
Во Ливерпул одамна имаат интерес за 32-годишниот голман, но повредата на коленото која ја заработи во март, го олади нивниот ентузијазам. Пред потпишувањето Валдес ќе мине низ темелни прегледи.
Менаџерот Брендан Роџерс е меѓу најголемите приврзаници за привлекување на Валдес. Самиот Мињоле, пак изјави дека не е загрижен од ситуацијата. Ако дојде до привлекување на Валдес, тогаш поранешниот голман на Барселона ќе може да се соочи со познат ривал, а тоа е Реал во Лигата на Шампионите.