13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖиру останува на „Емирати“ до 2018-та година

Жиру останува на „Емирати“ до 2018-та година

ziru 33

Повредениот напаѓач на Арсенал, Оливие Жиру се согласи да го продолжи договорот со клубот за уште 2 години, пренесе британскиот весник „Мирор“.

Во моментов францускиот репрезентативец се уште се лекува од повредата, која ја заработи при ремито 2:2 против Евертон во минатиот месец. Иако новото засилување на тимот Дани Велбек го заменува успешно, Жиру очигледно останува важен дел од идните планови на менаџерот Арсен Венгер.

Медиумот тврди дека менаџерот веќе разговарал со својот сонародник и Жиру сака да го продолжи договорот за уште 2 сезони. Така тој ќе остане на „Емирати“ до 2018-та година.

Во наредните недели се очекува веста да биде соопштена официјално од клубот. Според неофицијалните податоци, 28-годишниот Жиру според новиот договор ќе заработува 80 илјади фунти неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП