9 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВидал се договорил со „црвените ѓаволи“

Видал се договорил со „црвените ѓаволи“

arturo-vidal-iuventus44

Чилиеанскиот репрезентативец Артуро Видал веќе ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед, пренесува англискиот весник „Мирор“. Според изданието англискиот гигант ќе проба уште во јануари конечно да ја заврши сагата околу фудбалерот на Јувентус, која започна уште на крајот на минатата сезона.

Откако триумфираше на само два од првите 7 натпревари на чело на „црвените ѓаволи“, менаџерот Луис ван Гал итно сака да се засили во центарот на теренот, каде што му недостасува креативност. Видал изгледа како идеален човек за таа улога, а во предвид е неговата работоспособност во двете фази на играта.

За да го земе, сепак Јунајтед ќе треба да стори она што не успеа во лето – да го убеди раководството на Јуве. Проблемот е во тоа што ниту еден од шефовите на „бјанконерите“ не сака да се раздели со Видал, а единствено навистина богата понуда може да ја промени ситуацијата.

Јунајтед сепак веќе потроши над 150 милиони фунти во летниот преоден рок, поради што тешко дека ќе ги покрие финансиските претензии на „старата дама“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП