Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, денеска ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за претстојните квалификациските дуели против Луксембург дома и Украина на гостински терен.
Во националната селекција се враќаат Муарем Муарем, Никола Глигоров и Мирко Ивановски.
Од репрезентацијата привремено се откажа Иван Тричковски.
Повик од Ѓуровски добија:
Голмани: Томе Пачовски, Андреја Ефремов, Дарко Тофиловски.
Одбрана: Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Дарко Глишиќ, Стефан Ристовски и Александар Дамчевски.
Среден ред: Аријан Адеми, Мухамед Демири, Марјан Радески, Никола Глигоров, Александар Трајковски, Стефан Спировски и Муарем Муарем.
Напад: Агим Ибраими, Адис Јаховиќ, Јован Костовски, Крсте Велкоски, Бесарт Абдурахими и Мирко Ивановски.
Македонија на 9 октомври на Националната арена „Филип Втори“ го пречекува Луксембург, а три дена подоцна гостува во Лвов кај Украина.