1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПаметен потег на Ливерпул - Вака се задржува добар играч!

Паметен потег на Ливерпул – Вака се задржува добар играч!

sterling ne

Рахим Стерлин игра фантастично оваа сезона, тој е еден од најдобрите играчи на Ливерпул без оглед на лошата форма на целата екипа, па поради тоа не е ни за чудење интересот на Реал Мадрид.

Кога ќе забележат фудбалер кои игра натпросечно и тоа во лига како што е Премиерлигата, раководството на Реал предводено од Флорентино Перез не жали пари за да го види во својот тим.

Таков е случајот и со Рахим Стерлинг. Имено, „кралевите“ се заинтересирани за овој фудбалер, но Ливерпул несака да се откаже од еден од најдобрите млади играчи на планетата во овој момент.

Бисерот на „црвените“ кој претставува ударна игла на овој клуб на почетокот на сезоната, најверојатно ќе добие нова понуда од страна на Ливерпул, па така да го подобрат неговиот договор кој моментално е во сила.

Ова ќе биде еден одличен потег на Луверпул доколку се реализира, сигурно е дека со неговото заминување, „црвените“ многу ќе загубат.

Според тврдењето на одредени англиски медиуми, Ливерпул е подготвен на Стерлинг да му даде сума поголема од 100 илјади фунти неделно (нешто повеќе од 120.000 евра). Инаку тој моментално добива 30.000 фунти неделно, а неговиот договор е со важност до 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП