13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола го сака Озил во Баерн

Гвардиола го сака Озил во Баерн

mesut-ozil_2669590b

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола има голема желба да го види во својот состав фудбалерот на Арсенал, Месут Озил.

Во последно време германскиот репрезентативец добива многу критики за настапот во дресот на „топџиите“, но и покрај тоа тој останува еден од најдобрите фудбалери во светот на својата позиција.

Според информациите од „Островот“, Гвардиола ќе се обиде да го убеди раководството на „баварците“ уште во текот на зимата да упатат сериозна понуда до Арсенал.

Таа сигурно нема да е помалку од 42.5 милиони фунти – износот што лондонскиот клуб му го плати на Реал Мадрид за Озил.

Во оваа сезона 25-годишниот фудбалер настапи на 4 натпревари за Арсенал и постигна еден гол во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП