2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКој го сака Отаменди мора да плати 40 милиони фунти!

Кој го сака Отаменди мора да плати 40 милиони фунти!

nikolas-otamendi-valensiia

Единствениот начин Манчестер Јунајтед да го доведе дефанзивецот на Валенсија, Николас Отаменди е, ако „црвените ѓаволи“ го платат полниот износ од клаузулата за ослободување содржана во договорот на играчот. Сумата изнесува точно 40 милиони фунти.

Аргентинскиот централен дефанзивец е поврзуван со англискиот гигант уште од времето кога играше во Порто, но неговиот сегашен клуб не сака да се раздели со него.

Јунајтед очајно бара стабилност во одбраната и менаџерот Луис ван Гал сигурно ќе работи во таа насока во текот на зимата. Не е познато, сепак со колку пари ќе располага Холанѓанецот, кој веќе потроши над 150 милиони фунти за нови фудбалери.

26-годишниот Отаменди го направи своето деби за Валенсија овој август, откако летоска потпиша за 5 години со „лилјаците“. За таа цел тие дадоа малку над 9 милиони фунти во касата на Порто. Во досегашните пет натпревари на „лилјаците“ во Ла Лига, Отаменди е незаменлив стартер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП