15 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО140 милиони фунти се потребни за Роналдо да се врати „дома“!

140 милиони фунти се потребни за Роналдо да се врати „дома“!

Cristiano Ronaldo

Раководството на Манчестер Јунајтед треба да обезбеди 140 милиони фунти, ако сака да го врати Кристијано Роналдо дома, пишува „The Guardian“.

Од изданието го пресметале износот што тимот мора да го даде, ако навистина одлучи дека португалскиот репрезентативец треба повторно да заигра на „Олд Трафорд“.

Прво, од Манчестер Јунајтед ќе треба да плати 60 милиони фунти на Реал Мадрид за трансферот. Второ, „црвените ѓаволи“ ќе потрошат околу 80 милиони фунти за платата на играчот, ако тој парафира договор за четири сезони.

Според гласините, неделната сума која Кристијано Роналдо ќе ја заработува, изнесува 380 илјади фунти.

Во моментот највисокоплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед е капитенот на тимот Вејн Руни, чија неделна плата е 300 илјади фунти. Кристијано Роналдо заработува 315 илјади фунти во моментов во Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП