4 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеванте и Сарагоса наместиле натпревар?

Леванте и Сарагоса наместиле натпревар?

mestenje

Повеќе од 20 фудбалери, учесници на натпреварот меѓу Леванте и Сарагоса во мај 2011-та година, повикани се во Одделението за борба против огранизираниот криминал во Шпанија.

Како што пренесува „Марка“, постои основано сомневање дека дуелот меѓу двете екипи кој се одиграл во мај 2011-та, а кој завршил со победа на гостите од 2:1, да бил наместен со цел тој тим да си обезбеди бодови за опстанок во Примера.

Сарагоса таа сезона заврши на 14-то место во шпанското првенство, додека во Секунда се пресели Депортиво.

Разговорот во Одделението за против корупција и организиран криминал е закажан за 3-ти октомври.

Тренери во тоа време на двата тима беа Луис Гарсија (Леванте) и Хавиер Агире (Сарагоса).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП