Новите ѕвезди на Манчестер Јунајтед, Радамел Фалкао и Анхел ди Марија продаваат најмногу дресови, соопштија од „Китбаг“ – компанијата која ја организира онлајн продажбата на англиските клубови.
Продажбата на дресовите со името и бројот на колумбискиот репрезентативец достигна 33 проценти од сите купени од тимовите на глобално ниво по неговото пристигнување од Монако во Манчестер Јунајтед.
За споредба Анхел ди Марија успеал да стигне само до 24 проценти од светската продажба во неделата по доаѓањето на „Олд Трафорд“, додека дресовите на Алексис Санчез и Марио Балотели биле купени од само 13 проценти од сите фанови. Сепак, Ди Марија може да се пофали дека навивачите на Манчестер Јунајтед го сакаат најмногу него. Над 20 проценти од сите купени дресови на „црвените ѓаволи“ во ова лето се со неговото име и број.
36,4 проценти од приврзаниците на Арсенал и 26,6 проценти од оние на Челзи пак претпочитаат да ги земат дресовите на Алексис Санчез и Цеск Фабрегас.
Исклучок од правилото дека најмногу тимовите ги продаваат дресовите на новите засилувања, прави Ливерпул. Капитенот Стивен Џерард продолжува да биде миленик на „црвените“ фанови, па 23 проценти од нив го купиле неговиот дрес.
Кај Манчестер Сити најдобро оди продажбата на дресовите на Серхио Агуеро.