21 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМестенки во Шпанија или случајност?

Местенки во Шпанија или случајност?

prva 3

Дури три од четирите саботни натпревари од 25-то коло во Примера, излегоа од два во еден или од еден во два, што беше големо изненадување за јавноста.

Никогаш во историјата на фудбалот не се случило три од четири средби во една лига, но и во исти ден, да биде направен пресврт, поточно од еден во два или од два во еден. Во екот на скандалите и истрагата на Европол во врска со наместените резултати на средбите, три средби во шпанското првентво во саботата завршија со пресврт, а работата да биде уште почудна, во ова учествуваа дури и Барселона и Реал.

prva 2

Случајност или пак нова акција на обложувачката мафија, предизвика голема врева кај сите.

„Невообичаено големи уплати почнаа уште во петокот вечерта, кога на баскиското дерби Сосиедад го сврте резултатот против Билбао. Меѓутоа, тоа што се случи во саботните натпревари во Ла Коруња, Мајорка и Ноу Камп е преголема случајност. Не е тајна дека ова се случува во некои лиги, но никогаш во толку големи размери. Лудо е во иста вечер и Реал и Барса да дојдат до победите, иако имале негатива на полувремето“, изјавува анонимен сопственик на обложувалница.

prva

Сомнителни средби 25-коло во Примера

Сабота 16:00 Мајорка – Гетафе 1:3 (1:0) коефициент 32

Сабота 20:00 Депортиво – Реал 1:2 (1:0) коефициент 27

Сабота 22:00 Барселона – Севилја 2:1 (0:1) коефициент 26

Вкупниот коефициент на овие средби е 22.464, па така многумина можеле или направиле големи добивки со погодувањето на резултатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП