Актуелниот шампион на Англија во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го купи Рос Баркли од Евертон, објавија англиските изданија.
„Граѓаните“ се подготвени да го примамат фудбалерот со двојно поголема плата во споредба со онаа која во моментов ја добива кај „карамелите“.
Спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн веќе почна да работи на остварување на трансферот.
За сега двата клуба се доста далеку од постигнување на договор, бидејќи Евертон за англискиот репрезентативец сака 50 милиони фунти.
Според информациите, од Манчестер Сити не се подготвени да дадат повеќе од 30 милиони фунти за 20-годишниот фудбалер.
Во изминатото лето Манчестер Сити „погоди на камен“ во обидот да го привлече Баркли. Тоа уште повеќе го мотивираше раководството на клубот да го донесе халфот.