Раководството на Манчестер Јунајтед сака да го врати Жерар Пике на „Олд Трафорд“ од Барселона, пренесуваат светските медиуми.
Според гласините, новиот менаџер на тимот Луис ван Гал го посакал шпанскиот репрезентативец во своите редови. Стратегот го видел решението на проблемите на тимот во одбраната, токму во лицето на Пике.
Гласините велат дека за време на зимскиот трансфер прозорец, „црвените ѓаволи“ ќе испратат понуда, но засега не се открива каква сума имаат намера да понудат.
Потсетуваме дека Пике беше дел од тимот од „Олд Трафорд“ во периодот од 2004-та до 2008-та година, а за овој период тој го носеше дресот на „ѓаволите“ само на 12 натпревари.