ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал дава 30 милиони евра за Рамирез

Реал дава 30 милиони евра за Рамирез

ramirez 22

Фудбалерот на Челзи, Рамирез може да ја продолжи кариерата во европскиот клупски шампион Реал Мадрид, соопшти британскиот весник „Дејли Мирор“.

Според весникот, иницијативата за купување на 27-годишниот бразилски фудбалер е на тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по чие инсистирање Рамирез премина во Челзи во 2010-та година за 22 милиони евра.

Сега Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Челзи 30 милиони евра за Рамирес во зимскиот трансфер прозорец, пишува „Дејли Мирор“.

Во оваа сезона Рамирез играше во дресот на Челзи на 4 натпревари од Премиерлигата, а притоа постигна 1 гол и направи 3 асистенции.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП