23 февруари, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКамионот на Mercedes кој може да се движи без возач (фото)

Камионот на Mercedes кој може да се движи без возач (фото)

sam kamion

Најновите достигнувања на полето на самоуправувачки возила, укажуваат на тоа дека професијата возач на камион за десет години ќе се разликува од работата која денеска ја вршат камионџиите.

Пред почетокот на саемот за комерцијални возила, кој од 25-ти септември се одржува во Хановер, „Mercedes“ ги објави фотографиите и деталите за камионот кој би требало да се појави на патиштата во 2025-та година.

Камионот на „Mercedes“ за 2025-та не само што изгледа футуристички, со необични детали како маската на ладилникот и фаровите составени од „LED“ сијалички, според зборовите на конструкторот, претставува револуција во теретниот сообраќај.

sam kamion1

Бројните „LED“ извори на светлина имаат и дополнителна функција, кога возачот управува со камионот, сијаличките светат со бели зраци, а кога е во автономен режим на возење, тие светат сино.

Футуристичкиот пристап е присутен и во кабината во која се инструмент таблата и ретровизорите ги заменија таблети и камери.

Таблетот кој се наоѓа на централната конзола, преку кој се даваат команди и контролираат различни функции на камионот, може да се одвои од командната табла, кога ќе се вклучи авто-пилотот.

sam kamion2

Во тие моменти, возачот може да го препушти возењето на камионот на компјутерот, да ја промени положбата на своето седиште и удобно да се намести и одмори, додека возилото продолжува да се движи според предвидената траекторија.

Самоуправувачкиот режим на возење е овозможен благодарејќи на бројните сензори и камери, и централната управувачка единица во која се собираат сите потребни информации.

Благодарејќи на радарите за долг и краток домет, компјутерот скенира подрачје до 250 метри пред возилото. Системот вклучува и стерео камера која се наоѓа зад шофершајбната и која го покрива патот пред возилото.

sam kamion3

Камерата е во состојба да препознае дали камионот се движи по автопат или пат со двонасочен сообраќај, потоа да идентификува движења или неподвижни објекти, како други возила или пешаци.

Иако камионот на „Mercedes“ за 2025-та година е во фаза на прототип, во текот на летото веќе беа извршени тестирања при брзина до 80 km/h, во реални услови на сообраќај на дел од автопатот А14 во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП