20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмалиот Citroen добива крос верзија (фото)

Најмалиот Citroen добива крос верзија (фото)

c1 kros

„Citroen“ на авто-саемот во Париз ќе претстави интересен концепт наречен „Urban Ride“ заснован на моделот „C1“. Станува збор за автомобил кој освен козметичките подобрувања типични за кросовер возилата, има и повисоко растојание од земја.

Дали и малите автомобили можат да се претворат во забавни крос возила кои се одвојуваат од останатите со својот изглед, покажуваат моделите како што се „Opel ADAM Rocks“, „Volkswagen Cross Up!“ или „FIAT Panda Cross“.

Од „Citroen“ сметаа дека новиот „C1“ има потенцијал од него да се направи возило кое е наменето за оние кои сакаат нивниот автомобил да се разликува од другите. Како резултат на тоа настана концептот „Urban Ride“.

c1 kros1

„C1 Urban Ride“ ги има сите оние елементи кои ги гледаме на екстериерот на современите кросовер модели, вклучувајќи го и заштитниот пластичен дел на долниот дел од возилото и различните браници во однос на серискиот „C1“.

Покрај тоа, на автомобилот се монтирани атрактивни алуминиумски бандажи и пошироки гуми, па така „Urban Ride“ е практичен и како возило со кое може да се вози и надвор од асфалтот.

Концептот има и подвижен платнен покрив, како на моделот „Citroen DS3 Cabrio“.

c1 kros2

„Citroen“ планира на саемот во Париз да го почувствува пулсот на публиката и да дознае што посетителите и љубителите на оваа авто-марка мислат за концептот „C1 Urban Ride“.

Судејќи по тоа дека овој концепт веќе изгледа како претпродукциски автомобил, „Citroen“ е блиску до одлука за негово сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП