На Германецот наредното лето му истекува договорот, а тој сепак остана во клубот, но не сака да ја продолжи соработката и Реал не сака да го го загуби без отштета.
Сами Кедира е фудаблер кој во текот на летото беше еден од членовите на „кралевите“ кој беше поврзуван со заминување.
Имаше несогласувања меѓу управата и германскиот фудбалер. Кедира потврди дека не сака да го продолжи договорот, а во исто време покажуваше желба да го напушти клубот, но според услови кои во тој момент многу заинтересиран не беа во можност да ги остварат.
Еден од тие клубови беше и Арсенал, кој својата можност би можел да ја искористи во јануари и да го купи Германецот.
На Венгер му е потребен фудбалер на позицијата на која ја пополнува светскиот првак од Бразил, па нема ниту да го поколеба и повредата на Германецот. Англиските медиуми тврдат дека договорот веќе е постигнат, па Кедира во јануари за 11 милиони фунти ќе стане нов „топџија“.
Детали за финансиската понуда за самиот играч засега нема, но целата вест треба да се земе со голема резерва, затоа што многу извори од „Островот“ ја пренесоа во текот на денот.