13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса дава попуст за Санчез

Барса дава попуст за Санчез

Alexi

Чилеанецот, Алексис Санчез во летниот преоден рок ќе ја напушти Барселона, а каталонците се подготвени и да ја намалат цената за да се ослободат од незадоволниот фудбалер.

Во првата сезона кај Гвардиола тој добиваше шанса да игра, сега не е стандарден, а покрај тоа не му одговара позицијата како крило во нападот. Негова најголема несреќа е тоа што на неговото вистинско место игра, Лео Меси.

Виланова нема така големо мислење за Санчез, за разлика од Гвардиола, наводно тој веќе му кажал на Зубизарета на средбата во Њујорк, дека Чилеанецот нема да им биде потребен за следната сезона.

Покрај се и неговата цена падна. Имено тој за 37 милиони евра беше донесен од Удинезе, а сега од Барса за него ќе бараат 20 милиони евра плус бонуси, па така да вкупната цена би била околу 25 милиони евра.

Се разбира ќе има заинтересирани, Јувентус е меѓу најсериозните, затоа што и самиот Санчез сака да се врати во Италија. Сепак ќе биде многу тешко „старата дама“ да парира на понудите кои ќе дојдат од клубовите од Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП