Третманот на Михаел Шумахер чини 100 илјади фунти неделно (4,8 милиони годишно), открива британскиот весник „Мирор“.
Германецот ја напушти клиниката во Лозана и веќе е на домашно лекување, а со него е и медицински тим од 15 лица. Во сумата за неговиот третман влегуваат не само платите на лекарите, но и лековите и поставувањето на медицинската опрема во неговиот дом.
Богатството на Шумахер се проценува на 300 милиони фунти, што го прави беспрекорен неговиот третман. 45-годишниот поранешен пилот се врати дома по 254 дена поминати во француската болница, а потоа и во клиника во Лозана.
Според лекарите, пилотот кој настрада при скијање на француските Алпи и ја повреди главата, не е во добра состојба, но претстојот дома е потребен за т.н. емоционална стимулација.
Пред една недела менаџерот на Шумахер, Сабине Кем призна дека се уште нема подобрување на неговата состојба.