27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈанузај мора да си замине од Јунајтед!

Јанузај мора да си замине од Јунајтед!

januzaj mu

Минатогодишниот првотимец на Манчестер Јунајтед, талентираниот Белгиец се споменуваше како нова ѕвезда на „црвените ѓаволи“ и како предводник на новиот бран.

Сепак, во реновираниот тим на Луис ван Гал, Аднан Јанузај отиде неколку чекори наназад, сега игра за младиот тим каде се труди и успева да го задржи вниманието на себе. Играше одлично за време на викендот, а вели дека сака да се докаже пред новиот менаџер, кој инаку е познат како промотор на младите фудбалери.

Во првиот тим веќе се наоѓа Блекет, но имеративот за резултати побара бројни засилувања од светска класа кои пристигнаа токум на позицијата на која игра Јанузај.

Во врска со тоа, се погласни се мислењата дека Јанузај би требало да го напушти Манчестер Јунајтед доколку сака да напредува. Меѓу нив е и Кит Гилеспи.

„Јанузај е млад и уште може да учи. Потребни ми се натпревари со цел да го искаже својот потенцијал. Минатата сезона беше многу лоша за Јунајтед, но токму Јанузај беше еден од подобрите играчи во тимот. Тој е крило и мислам дека неможе да се вклопи во овој тим на Јунајтед. Многу е тешко да му се пронајде место во новиот систем, затоа што тој треба да игра што поблиску до голот. Можеби ако си замине, некаде на позајмица, сметам дека тоа многу ќе му користи“, вели Гилеспи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП