
Европскиот шампион Реал Мадрид со убедлив триумф ја почна одбраната на титулата во фудбалската Лига на шампиони.


Европскиот шампион Реал Мадрид со убедлив триумф ја почна одбраната на титулата во фудбалската Лига на шампиони.
Синоќа на домашен терен „кралскиот клуб“ го победи Базел со 5:1, додека на вториот натпревар одигран во рамките на Б групата Ливерпул со многу напори го победи Лудогорец со 2:1.
Свое деби во новиот клуб во Лигата на шампионите имаше и македонскиот интерационалец во Галатасарај Горан Пандев. Тој беше стартер и на теренот мина 57 минути.
Резултати на синоќешните натпревари од 1.коло во Лигата на шампионите:
А група: Јувентус – Малме 2:0 и Олимпијакос – Атлетико Мадрид 3:2.
Б група: Реал Мадрид – Базел 5:1 и Ливерпул – Лудогорец 2:1.
Ц група: Бенфика – Зенит 0:2 и Монако – Баер Леверкузен 1:0.
Д група: Борусија Дотрмунд – Арсенал 2:0 и Галатасарај – Андерлехт 1:1.
Вечерва се играат другите осум натпревари каде настап се очекува да има и македонскиот репрезентативец во дресот на Марибор Агим Ибраими. Во Марибор ќе гостува португалскиот тим Спортинг.