29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВтор ден од штрајкот на Air France, откажани 60 проценти од летовите

Втор ден од штрајкот на Air France, откажани 60 проценти од летовите

airfrance154

Штрајкот во „Air France“ продолжи и денес втор ден по ред со откажување на 60 проценти од летовите на оваа француска авиокомпанија, и покрај продолжувањето на преговорите на Управата на компанијата и Синдикатот на пилотите.

„Засега нема решенија за конфликтот, призна утрово извршниот директор на компанијата Фредерик Гагеј.

„Продолжуваме со преговорите. Изнесовме неколку предлози“.

Челниците на француската авиокомпанија предложија ограничување на идната флота на „Transavia France“, нискобуџетната филијала на „Air France“, која е во средина на конфликтот со цел да ги разувери пилoтите дека таа компанија ќе ја замени „Air France“ на територијата на Франција.

На аеродромите во Париз „Orly“ и „Roissy“ состојбата е мирна. „Сите патници чиј лет е откажан поради штрајкот претходно се предупредени со текстуални пораки, така што на аеродромите имало многу малку незгрижени патници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП