Пред неколку дена американскиот боксер Флојд Мејведер го победи Аргентинецот Маркос Мајдана со судиска одлука и ја одбрани титулата.
Мајведер по 12 рунди со едногласна одлука дојде до триумф и ја одбрани титулата светски првак во „валтер“ категоријата во верзиите на Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светскиот боксерски совет (WBC).
Тој втор пат во само четири месеци е подобар од Мајдана, поради тоа што и во мај го совлада аргентинскиот боксер.
Американецот ја оствари 47-мата победа во кариерата во исто токлку дуели, а со тоа заработи и нови 32 милиони долари.
Мејведер, кој го има прекарот „Money“ (пари), така само продолжи да заработува огромни суми на пари. Флојд веќе со години е најплатен спортист во светот, но овој пат се надмина самиот себе.
Кога ќе се пресмета, Мејведер за борбата против Мајдана заработил неверојатни 888.889 долари по минута!
Па поради тоа не е ни чудно зошто го има тој прекар.