3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачи на Реал вербално го нападнале Бејл

Навивачи на Реал вербално го нападнале Бејл

garet

Група навивачи на Реал Мадрид два дена по поразот од градскиот ривал Атлетико го навредувале членот на „кралскиот клуб“ Герет Бејл.

Инцидентот се случил во тренинг центарот „Валдебебас“ во околината на Мадрид каде навивачите на Реал традиционално се собираат да ги гледаат своите миленици.

Како што пишува „Марка“ навредите до Бејл биле упатени, откако тој одбил да застане и да им се потпише на дресовите.

Дел од разочараните навивачи ко останале без автограм од велшкиот репрезентативец почнале да го удираат неговиот автомобил.

Покрај Бејл на мета на навивачите на Реал се нашле и Тони Крос и Рафаел Варан, но кон нив биле упатени помалку навредливи зборови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП