
Белгискиот репрезентативец Еден Азар може да стане највисокоплатениот играч во историјата на Челзи, соопштува „Goal.com“.


Белгискиот репрезентативец Еден Азар може да стане највисокоплатениот играч во историјата на Челзи, соопштува „Goal.com“.
Според изданието, 23-годишниот играч е пред потпишување на нов договор со клубот до летото 2019-та година, а според подобрените услови Азар ќе добива по 250.000 фунти неделно плус бонуси.
Актуелниот договор на халфот истекува во летото 2017-та година, а од Челзи ги започнаа преговорите со Белгиецот заради зголемениот интерес за него од страна на ПСЖ.