3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал вети титула ако не оваа, тогаш следната сезона

Ван Гал вети титула ако не оваа, тогаш следната сезона

van

Тренерот на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал рече дека неговата екипа поседува квалитет за највисок пласман и најави враќање на трофејот од Премиер лигата на „Олд Трафорд“.

– Ќе ја освоиме Премиер лигата. Во ред, ако не оваа, тогаш следната сезона. Сакам да ги израдуваме нашите навивачи. Иако лошо ја почнавме сезонава, имаме квалитет да се искачиме на врвот, изјави за Би-Би-Си холандскиот стручњак.

Манчестер Јунајтед вчера ја забележа првата победа во новата сезона, против Квинс Парк Ренџерс триумфира со 4:0.

По четири одиграни кола во најсилната Англиска фудбалска лига Манчестер Јунајтед со 5 бодови е на 9.место и има седум бодови помалку од лидерот Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП