8 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Сити се најавува штедење

Во Сити се најавува штедење

siti

Новиот тандем од Барселона, Бергиштајн-Соријано во летниот период најавуваат голема „чистка“ во Сити. Целта е да се намали бројот на играчи, но и платите.

Времето на трошење е веќе минато. Тоа нормално незначи дека нема да има звучни трансфери, но „граѓаните“ почнаа да формираат свое школо за фудбал, практично го прекопира системот на Барса.

Се разбира, гаранција за тоа се луѓето од Барса, Чики Бергиштајн и Ферна Соријано, директор за фудбалски операции, односно извршниот директор. Каталонскиот тандем веќе почнаа да разговараат со агентите на фудбалерите, кои во јуни ќе го напуштат Манчестер.

Всушност, одлуката е на играчите, некои од нив со сигурност нема така лесно да се откажат од парите кои ги заработуваат, а кои неможат да ги добијат во ниту еден друг клуб.

За почеток, од наредната година остануваат плус 15 милиони фунти, затоа што истекуваат договорите на Коло Туре, Санта Круз и Вејн Бриџ. Од овие тројца само Туре е нивни, другите се на позајмица.

siti 2

Сепак, вистинската чистка тек претстои, „граѓаните“ ќе ги напуштат, Џеко, Лескот, Маикон и Синклер. Босанскиот интернационалец е со плата поголема од 7 милиони фунти, но не е познато зашто не е стандарден, бидејќи има најдобри резултати од останатите напаѓачи.

Тој би можел да се врати во Германија, ако го намали договорот, но Сити за него очекува обештетување од 20 милиони евра. Останува да се види дали Борусија Дортмунд ќе биде во можност тоа да го плати.

Ќе бидат направени разговори и со Насри, кој разочара со неговата игра од доаѓањето од Арсенал. Франацузинот, заедно со Бери и Гарсија би можеле да го напушат клубот, но повторно проблем се силните договори.

Истото го чека и Коларов,српскиот интернационалец е во сенка, иако Манчини летоска разговараше со него и му вети поголема минутажа. Сепак тој и натаму не е прв избор, па затоа би можел да се врати во Италија, затоа што како и Џеко, и тој заработува многу пари, кои надвор од Англија тешко би ги добил.

siti 3

Бергиштајн и Соријано се надеваат дека барем десетина играчи ќе си заминат од клубот, а ќе бидат доведени максимум двајца или тројца нови фудбалери.

Напаѓач е првата желба, Кавани е прв пик, но за него се потребни 60 милиони евра. Втора е Фелаини, на кој инсистира Манчини, а како алтернатива се споменува Ванијама од Селтик.

Тие 100 милиони евра, дел би можеле да ги набават од продажбата на своите играчи, што освен пари за трансверите би донело и заштеда во платите. Додека пак другите од спонзорот од Емиратите. Но, сопственикот бара помалку да се трошат пари на трансфери, а повеќе да се дава на подобрување на инфраструктурата и вложување во младите играчи од својата школа.

Што се однесува до самиот Манчини, како што сега стојат работите, газдите имаат доверба во него, па така Италијанецот ќе остане на клупата. Иако таблоидите тврдат дека тоа е последица на тоа што во Сити немаат идеа кој би го заменил, затоа што Гвардиола замина во Баерн, а Мурињо не го гледаат како решение. Исто така ни Дејвид Мојс не е заинтересиран да се пресели во Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП