
Младата надеж на Баерн Минхен, Џанлука Гаудино има месечна плата од само 250 евра, откриваат германските медиуми.


Младата надеж на Баерн Минхен, Џанлука Гаудино има месечна плата од само 250 евра, откриваат германските медиуми.
17-годишниот фудбалер е сметан за новиот Тони Крос на „баварците“ и многу наскоро се очекува да потпише професионален договор. Германскиот фудбалер започна како стартер во првиот круг од Бундеслигата против Волфсбург и остави одличен впечаток.
„Клубот ќе дојде кај нас и тогаш ќе зборуваме за договор. Сега најважно за Џанлука е да се развива“, изјави за „Кикер“ таткото Маурисио Гаудино, кој е поранешен национален фудбалер.
Непрофесионалниот договор на талентираниот играч истекува во летото 2015-та година, а со него Гаудино заработува околу 3000 пати помалку од повеќето играчи на Баерн со кои игра во моментов.