27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул со нов договор двојно ќе му ја зголеми платата на Стариџ

Ливерпул со нов договор двојно ќе му ја зголеми платата на Стариџ

staridz 39

Ѕвездата во нападот на Ливерпул, Даниел Стариџ ќе остане уште долго на „Енфилд“. Англискиот репрезентативец, кој во моментов е повреден, во наредните денови ќе добие предлог за продолжување на договорот.

Според весникот „Метро“, тој би требало да го задржи кај „црвените“ барем до 2018-та година, а во него има опција за продолжување за уште една сезона. Ако се е во ред, до октомври треба да има потписи и од двете страни.

Најголемо искушение за Стариџ не е времетраењето на договорот, туку финансиските параметри. Според изданието, платата на напаѓачот ќе биде удвоена. Тој сега добива скромни за можностите и настапите, 70 илјади фунти неделно, но се очекува оваа сума да порасне до 140 илјади фунти.

Новиот договор требаше да се потпише уште во почетокот на годината, но неговото финализирање беше одложено за средината на септември поради учеството на англискиот репрезентативец на Светското првенство.

Стариџ дојде на „Енфилд“ во јануари минатата година од Манчестер Сити и веднаш се наметна како главен напаѓач на Ливерпул. Само за една година и половина, тој веќе реализира 35 гола за Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП