3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиски гиганти го посакуваат Алвеш

Англиски гиганти го посакуваат Алвеш

alves dani

Фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш може да ја продолжи кариерата во Англија. Интерес за Бразилецот има од два од гигантите на Премиер лигата – Манчестер Јунајтед и Ливерпул, пишува весникот „Дејли експрес“.

Десниот крилен дефанзивец е со договор до крајот на сезоната и веќе од раководството на каталонскиот клуб му соопштија дека нема да биде обновен. Така од зимскиот преоден рок тој може да се договори со својот нов тим како слободен агент и да потпише прелиминарен договор.

Според информациите од Англија, и двата гиганти се подготвени да му понудат на Бразилецот едногодишен договор. Пред да се приклучи на новиот клуб, Алвеш веќе ќе има 32 години и ќе се ориентира кон можеби последниот голем предизвик во кариерата.

Новиот тренер на Барселона Луис Енрике има неколку готови опции на трансферниот пазар за заменик на Алвеш и има тенденција да се раздели со него дури и во зима, но тешко дека некој ќе плати пари за играч кој малку потоа ќе биде слободен.

За заминување на играчот се зборуваше уште во текот на летото, но тој се договори со раководството и остана на „Камп Ноу“ и во оваа сезона. Алвеш дојде од Севиља во 2008-ма година за речиси 38 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП