27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвид Мојс - грешка од 100 милиони евра!

Дејвид Мојс – грешка од 100 милиони евра!

mojs kuferi 2

Деловните резултати на Манчестер Јунајтед се одлични, кога станува збор за спонзорските договори, приходот е околу половина милијарда евра, во ранг со Барселона, но стотина милиони евра зад Реал.

Единствената причина за резултатите, кога ќе се пресмета минатата сезона за која е виновен Девид Мојс, инвеститорите ќе имаат главоболка.

Да почнеме по ред, од неиграњето во Лигата на шампионите, Јунајтед ќе загуби минимално околу 40 милиони евра, реално, и повеќе со оглед дека ќе освојуваше бодови и веројатно ќе се пласираше во осминафиналето. Но, тоа неможеме да го знаеме со сигурност.

Одиме понатаму, на тие 40 милиони, додадете повеќе од 10 кои ги загубија врз основа на пласманот во Премиер лигата. Седмото место е и финансиски удар, претходната, последната на Сер Алекс, тие ја освоија титулата.

Но неговиот избран наследник, клубот за сезона, сметајќи ги платите и усогласувањата по отказот, го чинеше дополнителни 12 милиони, а на тоа додадете го и надоместокот за стручниот штаб кој вкупно не е помалку од 5 милиони евра.

Дали успевате да следите? Тоа е вкупно околу 70 милиони, а веројатно и повеќе.

Одиме на трансферите, Јунајтед на Фелаини и Мата веќе загуби пари, платени се повеќе од 70 милиони, а денеска Ван Гал незнае што да прави со нив.

Се говори дека „ѓаволите“ би биле задоволни за Мата да земат половина од парите или помеѓу 20 и 25 милиони евра, а Фелаини во овој момент неможат да го продадат ни за 15, половина од тоа што го вложија.

Дури и во најповолен расплет, тука ќе има сигурно 30 милиони загуба, што не доведува до „стотка“, колку што грубо чинат десетте месеци на Мојс како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Во финансиска смисла ќе остане запамтено дека минатата година, покрај промената на тренерот и лошо избраниот наследник, однесе и голема сума на пари. Точно е дека во фудбалот нема гаранција, не е целата вина на Мојс, но во ваков случај за пресонализирана одговорност со прстот се насочува кон него.

Грешка од 100 милиони евра, реално не е воопшто мала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП