3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Светците“ и „ѓаволите“ во битка за играчот на Рома

„Светците“ и „ѓаволите“ во битка за играчот на Рома

kevin strotman

ПСЖ ќе се обиде да го претекне Манчестер Јунајтед за потписот на фудбалерот на Рома, Кевин Стротман.

24-годишниот Холанѓанец, кој во моментов ја лекува повредата на коленото, е сметан за речиси сигурно ново засилување на „црвените ѓаволи“ во зимскиот преоден рок, но „светците“ ќе сторат се тие први да дојдат до потписот на овој фудбалер и да го доведат на „Паркот на принцовите“.

Од ПСЖ се подготвени да понудат пари плус младиот талент Адриен Рабин, па така да го убедат раководството на Рома да се раздели со Стротман.

19-годишниот Рабин е посакуван од тренерот на „волците“ Руди Гарсија, кој може да биде во искушение да го земе во своите редови. Договорот на овој фудбалер истекува во летото 2015-та година и затоа „светците“ ќе се обидат да го користат како адут пред да го пропуштат без пари.

Во моментов, сепак Стротман е оценет на 40 милиони евра од страна на Рома, па кој сака да го има ќе треба да сериозно да го одврзе ќесето, без разлика дали ќе испрати и играчи како адут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП