3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена Вилијамс победничка на УС опен

Серена Вилијамс победничка на УС опен

serena

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја потврди добрата форма и во финалето на УС опен ја совлада Каролине Возниачки со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3). Ова за Американката е трета титула на овој турнир во низа, а оваа година победи без загубен сет.

Инаку, таа по 18.ти пат победи во грен слем финале, а ова беше за неа 22. финален меч.

Возниачки го загуби и своето второ грен слем финале откако пред пет години (2009) истотака во Њујорк беше поразена од Ким Клистрес.

За доминацијата на Вилијамс во финалето потврдува и податокот што Возниачки имаше само 4 директни поени и 15 неизнудени грешки во текот на целиот меч, што траеше 77 минути.

За разлика од неа Вилијамс оствари 29 директни поени и 23 неизнудени грешки.

Вечерва на програмата е машкото финале Кеи Нишикори против Марин Чилиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП