3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot за во Париз го најави концептот Exalt

Peugeot за во Париз го најави концептот Exalt

exalt p 1

Во јануари се појави првата компјутерска фотографија од новиот концепт на „Peugeot“, а сега за прв пат имаме можност да го видиме елегантниот „Exalt“ кој светска премиера ќе има на претстојниот саем во главниот град на Франција.

Кога прв пат беше најавен концептот „Exalt“, „Peugeot“ амбициозно изјави дека тој претставува наследник на неверојатниот концепт „Onyx“ кој уште во 2012-та го видовме во Париз.

„Exalt“ значително ќе се намачи да ги исполни очекувањата, затоа што „Onyx“ со 680KS и 1438Nm вртежен момент го импресионираше целиот автомобилски свет.

Во секој случај под хаубата на концептот „Exalt“ се наоѓа „hibrid4“ погонски систем кој претставува комбинација на бензински и електричен мотор со вкупна моќ од 340KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП