1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто можеме да очекуваме од Citroen во иднина?

Што можеме да очекуваме од Citroen во иднина?

divine ds

„Citroen“ долго време се одвојува од останатите автомобилски компании со авангардниот дизајн. Современата масовна авто-индустрија повеќе не се грижи многу за естетските финеси, и „Citroen“ се „удави“ во просечноста, а само повремено се појавува некој концепт, како што тоа беше „Numero 9“ од 2012-та.

Францускиот производител на авто-саемот во Париз ќе го престави новиот концепт „Divine DS“, со кој се најавува правецот со кој ќе се развиваат идните „DS“ модели.

Во последно време интересните стилски решенија главно се резервирани за моделите од луксузната „DS“ серија, како што е „Citroen DS3 Cabrio“.

Концептот „Divine DS“ е замислен за да се тестираат некои нови стилски решенија и да се види како публиката ќе реагира на нив, а не се исклучува можноста и овој автомобил да претставува основа за некој иден продукциски „DS“ модел.

divine ds1

За жал, првиот впечаток е дека дизајнот не е премногу оргинален, а ниту авангарден.

„Divine DS“ е обликуван како спортски хечбек, а долг е 4.210 mm, по што е сличен на актуелниот „Citroen DS4“.

Сепак, автомобилот концепциски значително се разликува од „Citroen DS4“, затоа што е широк 1.980 mm (поширок е за 17 cm), a покрај тоа е значително понизок (зa 18 cm), со оглед на тоа дека растојанието од тлото до поривот е само 1.350 mm.

divine ds2

Kако и обично кога се во прашање новите дизајнерски студии, внатрешноста на возилата изгледаат футуристички, а освен неколку детали, како „head up“ дисплејот, малку од тоа ќе биде пренесено во евентуалната сериска верзија.

„Citroen“ не објави податоци за погонскиот агрегат, а се верува дека под хаубата се наоѓа 1.6-литарски турбо-бензинец со 270 ks.

Повеќе детали за концептот „Divine“ ќе бидат познати по премиерата која ќе се одржи на почетокот на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП