2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовторно се разгледува идеата за Bugatti Galibier

Повторно се разгледува идеата за Bugatti Galibier

bugatti-galibier-front-three-quarter

„Galibier“ e „сакам-несакам“ модел за „Bugatti“. Всушност, тој се уште не стана официјален модел, туку идеата за неговото лансирање постојано се разгледува и отфрла. Сега повторно е во игра.

„Bugatti“ прв пат го претстави концептот „16C Galibier“ пред избрана група на клиенти уште во 2009-та и оттогаш кокетира со намерата да започнат со производство. Суперлимузината има „twin-turbo“ верзија на 8.0 литарски „W16“ мотор, и беше сметан како модел кој ќе биде произведен заедно со „Veyron“, а не како негов наследник.

За „Galibier“ престана да се говори кога Волфганг Дирхајмер беше привремено заменет со Волфганг Шрајбер на местото шеф на компанијата. Дирхајмер сега изјави дека ја разгледува идеата од време на време.

Реално, тоа не значи дека е дадено „зелено светло“ за производство, затоа што Дирхајмер исто така рече дека проектот е „на мраз“, но дека е сосема можно да се оствари, ако „Bugatti“ одлучи да има производна линија од два модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП