13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа симулирање 5 минути надвор? УЕФА подготвува нови казни!

За симулирање 5 минути надвор? УЕФА подготвува нови казни!

simulacii 393

Дали е време УЕФА да донесе одлука и нов вид на казна со цел да се спречи симулирањето на фудбалските натпревари? Според последните информации, најверојатно се подготвува револуционерна идеа.

Европската куќа на фудбалот се обидува да ги стопира симулациите на стадионите ширум „Стариот континент“.

Една од идеите да се воведе нов вид на казна, нешто слично како ракометното исклучување од 2 минути.

Фергусон открива дека договор не е постигнат, но дека иницијативата постои, а таа е со цел да се искорени ова зло во модерниот фудбал.

„Се уште не се договоривме, затоа што тоа е голема и контроверзна одлука, но дискутиравме на таа тема. Секако симулацијата на прекршоци стана болест од која играта боледува“, беше јасен Фергусон.

Што мислите? Дали жолтиот картон е доволна казна или можеби исклучувањето од игра на неколку минути подобро ќе го реши проблемот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП