13 ноември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW најави шест модели со преден погон

BMW најави шест модели со преден погон

bmw preden pogon

По претставувањето на „BMW Seriеѕ 2 Active Tourer“, баварскиот производител планира до 2017-та да ја прошири понудата на возила со погон на предните тркала на вкупно 6 модели.

Автомобилите ќе бидат базирани на новата „UKL1“ платформа, која ја користи и „MINI“ за своите нови модели.

Првиот следен модел со преден погон ќе биде продолжениот „BMW Serieѕ 2 Active Tourer“ со 7 седишта, а кој се очекува во продажба да се најде во 2015-та година.

По него, во 2016-та ќе се појави втората генерација на кросоверот „X1“. Зa разлика од актуелната верзија со заден погон, новиот „BMW X1“ ќе има погон на предните тркала. Истата година на пазарот ќе се најде и новиот купе кросовер, „BMW X2“.

Покрај верзијата со преден погон, „BMW X1“ и „X2“ ќе бидат достапни и со „xDrive“ погон на сите четири тркала.

Третата генерација на хечбекот „Serieѕ 1“ пристигнува во продажните салони во 2017-та. И овој автомобил за прв пат ќе има преден погон, а истата година ќе им се придружи и нов модел, а тоа е „BMW Z2 roаdster“.

Сепак, љубителите на класичните „BMW“ модели со погон на задните тркала не треба да се грижат, затоа што сите поголеми автомобили на оваа марка, почнувајќи од „BMW Serieѕ 3“, ќе ја задржат постоечката погонска конфигурација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП