30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ против Нишикори во полуфиналето на УС опен

Ѓоковиќ против Нишикори во полуфиналето на УС опен

novak-djokovi

Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори се пласираа во полуфиналето на УС опен откако славеа победи во четвртфиналните мечеви.

Ѓоковиќ рано утрово (по македонско време) го заврши мечот со Енди Мареј и славеше триумф со 3:1 во сетови.
Првите два сета се играа во тај брејк, а по еден доби секој од играчите.

Во следните два, најдобриот светски рекет Ѓоковиќ беше подобар и ги доби со 6:2 и 6:4.

Неговиот ривал за влез во финалето Нишикори го победи третиот носител Стан Вавринка со 3:2 во сетови.

Ова беше втор меч во серија Нишикори да го игра во пет сетови, откако претходно го победи и Милош Раониќ во осминафиналето.

Ова за Нишикори е прво грен слем полуфинале.

На женските два четвртфинални дуела Серена Вилијамс ја победи Флавиа Пенета со 2:0 во сетови, а нејзина ривалка ќе и биде Екатерина Макарова, која со истиот резултат ја совлада Викторија Азаренка.

Вечерва се играат два четвртфинални меча кај мажите: Томаш Бердих – Марин Чилиќ и Рожер Федерер – Гаел Монфис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП