28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на Opel Adam Rocks (фото)

Премиера на Opel Adam Rocks (фото)

adam rock

Семејството на возилата „Adam“ поворно расте. Овој мал автомобил доби нова верзија во вид на моделот „Opel Adam Rocks“. Станува збор за урбан компактен кросовер модел кој го отвора овој сегмент на пазарот.

Дизајнерите на компанијата „Opel“ развија нови дизајнерски елементи, украси и материјали за седиштата што го прават овој модел уникатен во сегментот во кој припаѓа. Најновиот член на ова семејство работи на нов 1.0 ECOTEC тубро мотор со директно вбризгување.

adam rock1

Овој мотор е во согласност со „Euro 6“ спецификациите кога станува збор за емисијата на штетни гасови и ги подигнува стандардите за трицилиндарските мотори според ниската бучава и вибрации, како и супериорниот комфорт.

Линијата на агрегати покрај новиот мотор ја сочинуваат и познатите атмосферски 1.2 и 1.4-литарски бензински мотори кои испорачуваат 70 односно 100ks. Од друга страна, 1.0L ECOTEC моторот испорачува 90ks од три цилиндри во основната верзија, додека помоќната со иста зафатнина развива 115ks.

adam rock2

Четирицилиндарските мотори се поврзани со петстепена трансмисија, додека 1.0L турбо трицилиндарскиот мотор е поврзан со петстепена компактна мануелна трансмисија.

Максималната брзина на единицата со 90ks е 180km/h, додека верзијата со 115ks може да развие 196km/h. За забрзување од 0 дo 100km/h потребни му се 11.9 секунди кај верзијата со 90ks, односно 9.9 секунди кај помоќната верзија.

adam rock3

Целосно алуминиумскиот мотор го карактеризира врвна технологија, како што е директното вбризгување под висок притисок, варијабилниот систем за отворање на вентилите, водена пумпа која може да се исклучува и „single scroll“ турбополнач.

И покрај пристојните перформанси, 1.0 ECOTEC моторот со директно вбризгување троши само 4.5L/100km во верзијата со 90ks, додека верзијата со 115ks троши 5.1L/100km.

adam rock5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП