27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија комплетна на подготовките

Македонија комплетна на подготовките

ffm

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски од денеска треба на располагање да ги има сите повикани фудбалери за дуелот од квалификациите за ЕУРО 2016 против Шпанија.

Последни треба да се приклучат Адис Јаховиќ, кој ги заврши медицинските прегледи во руската екипа Крилја Советов, како и Јован Костовски и Мартин Богатинов кои имаа натпревари за своите екипи.

Репрезентацијата е сместена на 20 километри од Валенсија и за денеска се предвидени два тренинга.

Како што беше најавено нашата репрезентација ќе одигра контролен дуел со третолигашот Торе Леванте.

Дуелот е закажан за попладневните часови и ќе биде од затворен карактер.

Тоа ќе биде можност селекторот Ѓуровски да испроба тактички варијанти за натпреварот со Шпанија во понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП