3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ја одби богатата понуда на Барселона за Марикњос

ПСЖ ја одби богатата понуда на Барселона за Марикњос

Paris Saint-Germain FC v Bayer Leverkusen - UEFA Champions League Round of 16

Тимот на ПСЖ ја одбил понудата со вредност која надминува 40 милиони евра за дефанзивецот Маркињос од страна на шпанскиот гигант Барселона.

Тоа го потврди претседателот на Французите Насер Ал-Хелаифи кој објасни дека предлогот е отфрлен, бидејќи имаат многу надежи во Бразилецот за иднината и освен тоа филозофијата на клубот не е да се прави бизнис со продажба на фудбалери.

„Добивме многу голема понуда од Барселона – повеќе од 40 милиони евра. Но ние не сме клуб кој привлекува играчи, за потоа да ги препродава. Не сме тука за да правиме бизнис на овој начин, туку за да изградиме еден голем клуб со многу талентирани играчи. Ако стануваше збор само за правење на пари, ова лето ќе продадеме двајца-тројца фудбалери“, објасни шефот на ПСЖ за весникот „Le Parisien“.

Францускиот гигант за време на летниот преоден рок имаше интерес кон неколку играчи, а тие најзагреани беа за Анхел ди Марија, но поради финансискиот ферплеј се откажаа од Аргентинецот.

Едно од позначајните засилувања на „светците“ беше Бразилецот Давид Луиз кој во Париз пристигна од редовите на Челзи за сума од 50 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП