3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа крајот на сезоната Алвеш си заминува како слободен играч

На крајот на сезоната Алвеш си заминува како слободен играч

dani alves 395

Долгиот престој на бразилскиот ас Дани Алвеш во Барселона ќе заврши на крајот на сезоната. Веста ја објави спортскиот директор на каталонците Андони Зубизарета на денешната пресконференција.

Десниот крилен дефанзивец е врзан со „каталонците“ до 30-ти јуни 2015-та година. Двете страни се договориле да нема продолжување на договорот и фудбалерот ќе биде слободен да си најде нов тим без финансиски побарувања од досегашниот клуб.

Алвеш дојде на „Камп ноу“ од Севиља во 2008-ма година на врвот на својата кариера. За него беа платени 38 милиони евра, а Бразилецот ја оправда инвестицијата во него. Сега сепак одлучил да преземе нов предизвик.

Уште во текот на летото имаше шпекулации дека 31-годишниот дефанзивец си заминува. Тој имаше посебна средба со тренерот Луис Енрике, на која очигледно се договориле да ги исполни обврските до крај.

„Многу сме среќни што Дани Алвеш ќе остане кај нас и во оваа сезона. Во меѓусебните разговори постигнавме договор да не дојде до предвремена разделба“, сподели Зубизарета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП