4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ сепак не го продава Лавеци

ПСЖ сепак не го продава Лавеци

lavezzi-veut-savoir-si-paris-compte-sur-lui_128730

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, рече дека нивниот играч Езекиел Лавеци не е на продажба.

Интер изминативе денови покажува интерес за Лавеци, но од францускиот шампион наведуваат дека тој ќе остене во клубот до 2016 година, кога и му истекува договорот со „Светците“.

„Иднината на Лавеци? Ниеден играч не си заминува. Сите наши играчи се обврзани со договори за ПСЖ. Тие ќе останат до крајот на нивните договори, ако не ги продолжат“, рече Ал-Келаифи.

Аргентинецот беше на прагот на заминување во Интер, најмногу поради тренерот Валтер Мацани кој го водеше во Наполи.

Лавеци од Наполи пристигна во ПСЖ во 2012 година за 26,5 милиони евра, а за „Светците“ постигна 23 гола на 94 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП